fbpx

Антонио Аргир ќе биде нов директор на Тутунска банка

-

Претседателот на управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, на крајот на годината заминува во пензија и на оваа функција доаѓа Антонио Аргир, член на управниот одбор на банката и долгогодишен директор на деловната мрежа.

Овие промени во раководството на банката ги најави претседателот на групацијата НЛБ, Јанко Медја, на свеченоста по повод 30 години од работата на банката на македонскиот пазар.

Антонио Аргир, кој од 1 јануари 2016 година ќе стапи на функцијата претседател на УО на Тутунска бнака, изјави дека да се биде на чело на банката е само по себе предизвик.

– Во иднина, одговорно и тимски ќе го практикуваме она што го изградивме низ годините досега. Ќе бидеме посветени на воведување современи услуги прилагодени на новите генерации. Ќе ја продолжиме успешната соработка со физичките лица, микро и малите претпријатија, корпоративно банкарство, дигитализирање на начинот на работа, мобилно банкарство не само во делот на интернет-плаќањето, туку и за советодавни и канали за комуникација со клиентите – изјави Аргир.

Банката беше основана во 1985 година како интерна банка на тутунската индустрија, а од 1993 година работи како комерцијална банка од универзален тип. Во 1996 година се преориентира кон секторот население и финансирање на микро и мали претпријатија.

Во 2000 година, банката склучи стратегиско партнерство со НЛБ Љубљана и стана членка на групацијата НЛБ од Словенија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...