Возењето со 50 километри на час чека една година да се воведе

-

Ограничувањето на брзината на возење низ сообраќајниците во урбаните средини во земјава од досегашните 60 на 50 километри на час, кое деновиве се најде во фокусот на јавноста, е предвидено со новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, кој во моментов е во собраниска процедура и, според очекувањата, во догледно време треба да стапи на сила.

Во членот 35 од предлог-законот, кој од познати и непознати причини релативно долго време е во процедура, стои дека „на јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри на час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел“.

Законот предвидува исклучок, односно да смее да се вози со брзина поголема од 50, но не повеќе од 70 километри на час, доколку за тоа постојат сообраќајно-технички услови.

Според извештаите од седниците на надлежните собраниски комисии, во врска со овие ставови од членот на Законот не се поднесувани амандамани, освен за ставовите што се однесуваат на казните во случај на непочитување на ограничувањата на брзината.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) уште на средината на ноември минатата година, кога беше подготвен предлог-законот и требаше да се најде во собраниска процедура, за „Мета“ изјавија дека брзината на двиежење на возилата во урбани средини се намалува од 60 на 50 километри на час. Оваа измена, тогаш ја означија како една од поголемите во новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата.

– Ограничувањето на брзините, како и казнената политика во новиот закон за безбедност во патниот сообраќај остануваат исти, единствена промена има во максималната брзина на движење во убрани средини, каде максималната дозволена брзина е намалена од 60 на 50 километри на час, во согласност со европската практика – изјавија тогаш од МВР за „Мета“.

Минатата недела, координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Дамјан Манчевски, соопшти дека на седница на Советот биле усвоени предлозите за воведување зони за смирен сообраќај и места во градот каде брзината на автомобилите ќе се ограничи на 30 километри на час или помалку.

Манчевски на прес-конференцијата изјави дека бараат од МВР веднаш да ја спроведе мерката за ограничување на брзината на движење низ Скопје на 50 километри на час.

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде...