Вонредно ќе се оценуваат кандидатите за претседател на Кривичниот и на Врховниот суд

-

Судскиот совет на денешната седница одлучи да изврши вонредно оценување на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1, Врховниот суд и на основните судови во Тетово и во Штип.

На седницата, која беше затворена за јавноста, членовите на Судскиот совет околу три часа дискутираа за потребата од вонредно оценување на кандидатите за претседатели на судовите и за состојбите во Основниот суд Скопје 1 по неодамнешните скандали.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека Законот за судски совет дозволува вакво вонредно оценување на кандидатите за претседатели и дека ваква одлука била донесена бидејќи во изминатите две години, во согласност со новиот Закон за судскиот совет, немало оценување на судиите.

– Со измените на Законот за судски совет од 2015 година, оценувањето на судиите се врши на две години. Имајќи предвид дека последните оценувања биле во 2013 и во 2014 година, а сега е крај на 2016 година, ние одлучивме во согласност со законските одредби да направиме вонредно оценување – рече Караџовски.

Според него, судиите ќе бидат оценувани за нивната работа во 2015 година и сè до распишување на огласот за кандидати за претседатели на судовите, односно до 7 октомври 2016 година.

Вонредното оценување, додаде Караџовски, ќе се врши со постапка како за редовно оценување, односно судиите ќе добијат решение на кое ќе имаат право на приговор.

За вонредната проверка на кандидатите веќе е формирана комисија, која ќе почне со работа во најкус можен рок.

Кандидати за нов претседател на Основниот суд Скопје се актуелниот претседател на судот, Владимир Панчевски, и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ, додека за претседателското место во највисокиот суд во државата неофицијално кандидатури поднеле актуелната претседателка Лидија Неделкова, поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.

Ураганот Милтон ја пустоши Флорида, има жртви и прекин на струја за повеќе од 2 милиони жители

Ураганот Милтон ја зафати Флорида како бура од трета категорија, внесувајќи уште поголеми штети на брегот кој сè уште е опустошен од ураганот Хелена кој се случи само пред...