fbpx

Вонредна еколошка ситуација во Сантјаго

-

Вонредна еколошка ситуација прогласија денеска чилеанските власти во престолнината Сантјаго и во регионот околу градот.

Мерката е воведена во момент кога земјата е домаќин на континенталното фудбалско првенство на Јужна Америка, „Копа Америка“.

Повеќе од 900 фабрики привремено ќе се затворат и издадена е забрана за движење по улиците за околу 40 проценти од 1,7 милион автомобили во Сантјаго. Жителите на чилеанската престолнина се советувани да не се движат на отворено.

Вонредната ситуација, прва од ваков вид од 1999 година, првично е воведена за време од 24 часа, но може да биде продолжена доколку властите проценат дека ситуацијата не се подобрила.

Следниот натпревар од „Копа Америка“, според програмата, е в среда. Тогаш домаќините од Чиле во Сантјаго ќе се сретнат со првиот четвртфиналист на турнирот – шампионот Уругвај, кој на ова првенство ја брани титулата.

Недостигот од дожд и од ветар доведе до зголемување на концентрацијата на честички прав во атмосферата. Квалитетот на воздухот уште повеќе е влошен од употребата на печки на дрва на локалното население, пред сè, поради студеното време. Како резултат на тоа, Сантјаго е обвиткан во смог.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...