fbpx

Во тек е потрагата по телата на загинатите при падот на рускиот авион

-

Египетските медиуми објавија на социјалните мрежи први фотографии од рускиот патнички авион што денеска се урна на полуостровот Синај.

Во тек е потрага по телата на загинатите, а египетската војска префрли неколку тела на жртвите до базата во источниот дел на Каиро. Првите 35 тела веќе се однесени во мртовечница. Досега, околу 145 тела се најдени на местото на несреќата.

Во авионот биле руски туристи, а меѓу нив имало и 17 деца.

Премиерот на Египет, Шериф Исмаил, заедно со други претставници, го посетил местото на кое се наоѓаат остатоците од авионот.

Тој денес изјави дека е невозможно да се утврди причината за падот на рускиот „ербас А-321“ сè додека црната кутија не се истражи. Сличен став изнесе и руската агенција за авиособраќај, од каде е соопштено дека нема основа да се нагодуваат причините за пад на авионот додека постојат доверливи податоци за околностите на несреќата.

Во моментот нема основа која би укажала дека причина за падот на авионот била техничка грешка во кок-питот или некаков надворешен удар.

Со обработка во државното обвинителство, утврдено е дека црните кутии содржат снимки од разговорите меѓу двајцата пилоти, како и помеѓу пилотите и членовитете на екипажот, известија египетски медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...