fbpx

Во скопските клиники се лекуваат 441 пациент од ковид-19, има 76 слободни кревети

-

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно 441 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство. 

Во последното деноноќие на интерните клиники имало 6 приеми, по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија и на ТБЦ и тројца на Клиниката за дерматологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 26 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти. 

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 20 пациенти, на неврологија 28 болни,  на Институтот за ТБЦ се примени 30 пациент со симтоми на корона вирусот, во Клиниката за нефрологија се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болни. На Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 94 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 142 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.  

Голем дел од нив се на кислородна поддршка, а и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 76 слободни места. Се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. 

 

 

  

  

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...