fbpx

Во САД не владее диктатура и режим

САД не се „режим“ и „диктатура“ и тоа е евидентно и од Уставот и од севкупното уредување на Соединетите Американски Држави

-

САД не се режим и диктатура, како што се тврди во постот, а тоа е евидентно и од Уставот и од севкупното уредување на Соединетите Американски Држави. Демократијата како форма на организација и политичко водство ја зема предвид волјата на граѓаните, нивните интереси и аспирации. Сите елементи на демократијата, вклучително и почитувањето на човековите права се централна компонента на американската надворешна и внатрешна политика. За разлика од демократските држави во кои се вбројува САД, режимите, односно диктатурите, се форма на владеење во која една личност или мала група поседува апсолутна моќ без ефективни уставни ограничувања, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува следното тврдење проследено со фотографија од вестите на Фокс Њуз:

Кога се говори за некаков режим и диктатура, првата помисла ми е дека станува збор за САД.

САД не се „режим“ и „диктатура“ и тоа е евидентно и од Уставот и од севкупното уредување на Соединетите Американски Држави. Уставот на САД воспоставува федералeн демократски републикански облик владеење. Односно има неделлива унија на 50 суверени држави. САД е демократија зашто граѓаните се слободни да се организираат, поточно станува збор за претставничка демократија зашто луѓето избираат свои избрани лица на слободни и тајни избори. Целта на федералната влада, како што е наведено во преамбулата на Уставот, е да овозможи правда, домашен мир, одбрана, промовирање на социјалните права, заштита на слободата. Власта во САД е базирана на три принципи: на права коишто ги има секој човек што живее во Америка, власт, одбрана од народот и поделба на власта –  гранки (столбови) на власта со различни овластувања.

Освен овие параметри, кои ја дефинираат демократијата во САД, исто така, почитувањето на човековите права долго време е централна компонента на американската надворешна и внатрешна политика. Поддршката кон демократијата не само што ги промовира фундаменталните американски вредности како религиозна слобода и работнички права, но и креира побезбедна, стабилна и просперитетна глобална арена. Демократски водените нации е поверојатно да обезбедат мир, да избегнат агресија, да ги прошират отворените пазари, да промовираат економски развој, да ги заштитат американските државјани, да се борат против интернационален тероризам и криминал, да ги зачуваат и промовираат човековите права и правата на работниците, да одбегнат хуманитарни кризи и да го заштитат човековото здравје.

Со овие цели, САД се труди да промовира демократија како средство за остварување безбедност и просперитет на целиот свет, да помогне кај новоформирани демократии во имплементацијата на демократските принципи, да помогне ширум светот да се создадат демократии, да ги идентификува и да ги отфрли режимите кои на своите државјани им го ускратуваат правото да ги одберат лидерите на слободни и транспарентни избори.

Покрај горенаведените индикатори за демократија во САД, важно е да се истакнат и слободата на медиумите, избори одржувани во континуитет речиси 250 години, слобода на мислење и изразување, независно судство итн. (Изборите во САД се опсервирани од ОБСЕ/ОДИХР)

Првиот амандман од Уставот на САД дозволува информациите идеите и размислувањата да се споделуваат без попречување или гонење. Тој е усвоен на 15 декември 1791 година. Правото на јавноста да биде информирана е еден од централните принципи на американското општество.

Системот на заштита од криминалот е комплексен, вклучува агенции и институции кои процесуираат пријави и ги штитат граѓаните од незаконити дејствија.

Американскиот правен систем е базиран на концептот дека криминалот против една индивидуа е криминал против државата, така што американскиот правен систем ги гони криминалците како да го виктимизирале целото општество.

Демократијата како форма на организација и политичко водство ја зема предвид волјата на граѓаните, нивните интереси и аспирации. Тоа е владеење на народот, преку бирање на негови избрани претставници. Сите елементите на демократијата, вклучително и почитувањето на човековите права се централна компонента на севкупната политика на САД. За разлика од демократските држави во кои се вбројува САД, во диктатурите има форма на владеење во која една личност или мала група поседува апсолутна моќ без ефективни уставни ограничувања.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина оти САД е диктатура или режим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...