Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на ковид-19, од: Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.

Регистрирани се 30 оздравени пациент од: Скопје – 21, Куманово, Прилеп и Виница – по 2, Кочани, Гевгелија и Берово – по 1.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (63г и 78г), двајцата се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.