fbpx

Во ковид центрите се лекуваат 669 пациенти, има 380 слободни болнички кревети

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 669 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство, според податоците добиени во изминатите 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 427 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 32, во Штип 42 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 22, а во Велес се лекуваат 27 болни. Во Куманово лежи 61 пациент, во Охрид има 55, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица се на лекување 21 пациент, во Кочани 5, во Кичево 8, во Кавадарци 45, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели. Во последното деноноќие на интерните клиники имало 13 приеми. Во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти, а 10 на Инфективната клиника. Во ковид центарот „Козле“ бил примен еден пациент.

Во последното деноноќие дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 11 пациенти, на неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ вкупно 35 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 74 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања „Козле“ има 12 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни. Утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направени исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...