Извор на фотографија: Влада на РСМ

Во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 298 позитивни и суспектни пациенти на корона вирусот и има околу 570 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според извештаите за последните 24 часа.

Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, во болницата во Штип 19, на инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 лица, во Прилеп 15, во Гостивар 2, а во Струга 9 болни. Во болницата во Струмица се примени на лекување 13 пациенто, во Кочани 4, во Кичево 7, во Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирани лица.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се примени 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно 128 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија. На Институтот за ТБЦ имало 2 приема, во ГОБ „8 Септември“, еден, а 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. 

Дома се пуштени 17  оздравени пациенти. 

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ моментно се лекуваат 19 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58 пациенти. 

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, соопштија од Министерството за здравство.