fbpx

Во Карпош се гаси струја по 1 часот на полноќ, општината штеди поради високите сметки

-

Граѓаните на скопската општина Карпош веќе десетина дена се жалат на темните улици и јавни површини во населбите поради исклучувањето на јавното осветлување. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска потврди дека спроведува мерки за штедење, поради високите сметки за електрична енергија.

И покрај тоа што веќе улиците низ Карпош се во темница, Јакимовски вели дека како општина имаат на располагање две можности – едната е да се штеди струјата, а другата е да се зголеми цената за улично осветлување коишто преку сметките за ЕВН стигнуваат до граѓаните на оваа општина. Јакимовски е подготвен да распише референдум на кој граѓаните ќе донесат конечна одлука како да се премости проблемот.

Како што вели тој, општината набавила 173 тајмери коишто го гасат уличното осветлување, за коешто се плаќале три и пол пати поголеми сметки во однос на претходните години.

„Во 2021 и во 2020 година за улично осветлување сме потрошиле 13 милиони денари за цела година и такви историски трошоци биле предвидени за 2022 година. Но, за жал, само во првите три месеци годинава сме потрошиле 13 милиони денари за електрична енергија. Сметките кои биле 2 милиони денари сега се 7 милиони денари. Тоа се пет милиони денари плус секој месец, односно 80.000 евра“, изјави градоначалникот Јакимовски.

Тој предупредува дека ако граѓаните сега плаќаат по 150 денари по тарифно броило за улично осветлување, во иднина сметките би изнесувале по околу 500 денари месечно само за овој трошок.

Јакимовски додава дека со исклучување на уличното осветлување од 1 до 5 часот наутро тие како општина штедат 30 отсто од сметката, односно 2 милиони денари од неопходните 7 милиони денари.

Тој тврди дека исклучувањето на уличното осветлување во Карпош е привремена мерка за да може наредната година да се обезбедат околу 5 милиони евра за граѓаните, при што Јакимовски ветува и изградба на фотоволтаична електрана од 1 мегават за да се компензира високата цена на електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...