Во јули имало 952 лица со акутни заразни заболувања и два случаи на труења со храна

Во текот на месец јули, до ИЈЗ пристигнале и две пријави за епидемии на заразна болест и две со дијагноза труење со храна

-

Минатиот месец во Македонија пријавени биле вкупно 952 заболени лица од акутни заразни заболувања, што во однос на јули 2022 година, е зголемување за 57,1 отсто, наведено е во месечниот извештај за движењето на акутните заразни заболувања во Македонија, кој го објави Институт за јавно здравје (ИЈЗ). Во текот на месец јули, до ИЈЗ пристигнале и две пријави за епидемии на заразна болест и две со дијагноза труење со храна (intoxicatio alimentaris), едната во скопскиот ресторан, а другата во детското одморалиште во Охрид, за кое Мета.мк веќе пишуваше.

„Првата епидемија е пријавена на 5 јули, кај заболени кои конзумирале храна во ресторан во Скопје. Регистрирани се вкупно девет заболени лица на возраст од 20 до 49 години, од кои петмина биле хоспитализирани. ЦЈЗ Скопје во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направи епидемиолошко истражување. Беа земени мостри од храната, брисеви од вработените и од работните површини и помагала. Во три примероци (две од храна и еден од раце) е докажано присуство на бактеријата ѕtaphylococcus aureus. Ресторанот беше времено затворен од ДСЗИ“, наведено е во извештајот на ИЈЗ.

Втората епидемија, пак, била пријавена на 18 јули кај деца кои престојувале во детско одморалиште во Охрид. Регистрирани биле вкупно пет заболени деца на возраст од пет до девет години.

Во врска со заразните заболувања, минатиот месец најчесто регистрирано акутно заразно заболување се ентероколитите, со вкупно 430 пријавени лица. На второ место по број на пријавени заболени во месец јули се овчите сипаници, со 389 случаи. Во вкупниот број на заболени во месецот, тие учествуваат со 40,9 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 41,6 отсто.

Во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи во јули, најголем број припаѓаат на цревни заболувања (51,5 отсто). Во јули,биле пријавени 416 случаи (43,7 отсто од вкупниот број на пријави) на заболени од групата на капкови заболувања.

Во групата на останати акутни заразни заболувања, во јули се регистрирани 34 случаи, од кои 19 случаи на шуга, 10 случаи на вирусен менингитис, по еден
случај на бактериски менингит, вирусен енцефалит (WNV), токсоплазмоза, хеморагична треска со бубрежен синдорм и Конго-кримска хеморагична треска.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...