ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да воспостави целосна контрола врз судскиот систем

-

СДСМ, партија раководена од аболиран криминалец, повторно се обидува да воспостави целосна контрола врз судскиот систем во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој побара Кривичниот совет да го укине незаконското решение на судијката Александра Поп-Стефанија.

„За СДСМ ова не е ништо ново, туку партиска стратегија. СДСМ сака да се врати времето кога по налог на Бранко Црвенковски и на Ленче Софрониеска за 15 минути беа избрани 617 судии и стотина обвинители. СДСМ е раководен од аболираниот криминалец Зоран Заев кој дава срамни изјави дека не го признава судството. Затоа и СДСМ не ја почитува уставната поделба на власта во државата, не ја почитува независноста на судската власт, врши притисоци врз судовите и атакува по професионалноста и по дигнитетот на судиите секогаш кога некоја нивна одлука не им се допаѓа“, стои во реакција.

Според владејачката партија, хајките на СДСМ кон правосудниот систем имаат цел да извршат најгруб притисок врз демократијата.

„Тоа е во кодот на СДСМ, тоа е нивниот начин на размислување и на дејствување. Преку своите општински комитети, СДСМ се закануваше дека ќе го запали Уставниот суд ако не им ги исполни ултиматумите. Преку своите невладини пајташи, СДСМ на уставните судии им порача дека за уши ќе ги вади од Уставниот суд и дека на клоци ќе ги избрка ако не судат по нарачките на СДСМ. Денеска, преку Петре Шилегов, СДСМ уште еднаш се обидува срамно да се меша во судската власт, исто како што сака да воспостави целосна контрола преку цензура во медиумската сфера“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...