fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изигрува лажен душегрижник

-

СДСМ изигрува лажен душегрижник за законски измени од кои нема штета за корисниците на хонорари, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на опозициската партија и се довада дека со овој закон во изминатиот период се овозможуваше социјална сиугурност, здравствено и пензиско осигурување на голема група лица кои работат за хонорар.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со двата проекти кои во меѓувреме ги спроведе, „Македонија вработува“, со кој беа ангажирани повеќе од 4.000 лица кои во период од една до пет години се ослободени од плаќањето придонеси и вториот со кој се изврши трансформација на работниот однос на голем број лица во рамки на јавниот сектор, речиси во целост го реши проблемот на лицата што порано беа ангажирани со договор на дело и со авторски договори. Оттука со овие два проекта беше апсолвирано прашањето на придонесите на лицата што примаа хонорар – стои во реакцијата.

Од владејачката партија наведуваат дека СДСМ воопшто не се грижел за стандардот и за правата на работниците, а како пример за тоа ги наведуваат „криминалната приватизација“ и носењето штетни закони со кои континуирано се нарушувале работничките права и стандардот на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...