fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Укинувајќи го Денот на дрвото, СДСМ ја покажа лажната грижа за чист воздух

-

Укинувајќи го проектот „Ден на дрвото“, владата на СДСМ ја покажува лажната грижа за чист воздух, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Чистиот воздух, исто како и ветувањето за живот за сите, се лажни пароли и лажни ветувања кои ќе станат синоним за неспособноста на владата на СДС и на Зоран Заев. Овие две ветувања ќе се вбројат во редот на големи лаги на СДС како таа дека ќе вработеа по еден од секое семејство и дека ќе носеле инвестиции“, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека новата влада ќе се памети по уривање, стопирање и по наметнување на нови давачки.

„Наместо со ново зеленило, тие против загадувањето се борат со зголемување на цената на нафтата, зголемување на цената за паркирање и со редица ретроградни мерки. Повеќе од 35 милиони садници се засадени од 2009 година досега, со повеќе од 50 проценти успешност, што се смета за едно од најуспешните пошумувања во регионот. Само во Скопје во изминатите четири години засадени се 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...