fbpx

Владата утре ќе го разгледува најновиот текст на законот за амнестија

-

Владата утре ќе ја одржи 40. седница, на која Министерството за правда ќе го презентира најновиот текст на предлог-законот за амнестија по јавната расправа за законот, соопштија од владината прес-служба.

Станува збор за предлог-законот што Владата го усвои во септември, а кој предвидува амнестија на осудени лица. Како што беше соопштено тогаш, законот е израз на добра волја на државата кон одредена група направосилно осудени лица, заради нивна ресоцијализација и растоварување на затворите од прекумерниот број на лица кои издржуваат казна во нив.

На предлог на Министерството за финансии, на седницата ќе биде разгледана и националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, додека Министерството за информатичко општество и администрација ќе предложи измени и дополнувања на повеќе закони кои произлегуваат од измените и дополнувањата на Законот за јавна администрација.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за преземените активности за склучување меѓувладин договор со САД во врска со американскиот закон за усогласување на даночните обврски (Foreign Account Tax Compliance Act -FATCA), чија цел е да го спречи затајувањето данок од американските даночни обврзници кои имаат сметки во странство.

На предлог на Министерството за образование и наука, на седницата на Владата ќе биде разгледана и информацијата за резултатите што ги постигнале учениците од Македонија во меѓународните програми за оценување (ПИСА и ТИМСС) и реформите што произлегуваат од нив. Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за текот и за прогресот на активностите во врска со проектот за намалување на партиципацијата за 50 отсто на студентите од самохрани и еднородителски семејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...