fbpx

Владата ги замрзна цените на дел од земјоделските продукти

Со замрзнувањето на цените, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари за килограм

-

Владата од 5 април па до крајот на месецот ги замрзна цените на доматите, свежите краставици, кромидот, зелените пиперки, гравот, карфиолот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимоните.

„Направивме анализи на овие производи кои покажаа дека на одредени производи имало маржи од дури 200 отсто. На нашите табели може да се видат кои биле цените на овие производи, и симулации со маржа од 20, 30 и 40 проценти од влезната или увозната цена“, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Анализа на Министерството за економија

Со замрзнувањето на цените, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари за килограм.

Бектеши уверува дека на 7 април кога Државниот завод за статистика ќе го објави движењето на цените, ќе покаже дека цените паѓаат и полека се стабилизираат. Неговото очекување е дека во април ќе се регистрира најголемото поевтинување.

Владата претходно ги замрзна цените на дел од производите за хигиена, на тестенините, на млечните производи и на белиот и полубелиот леб до 450 грама.

Според министерот Бектеши, замрзнувањето на цените е мерка која дава резултат и можно е да се пролонгира кај одредени производи и по утврдениот краен рок, доколку се процени дека за тоа има потреба. Исто така, најави дека не се исклучени и други вакви интервенции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...