недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: зеленчук | 28 резултати

АХВ: Забранет за промет и повлечен од продажба замрзнатиот зеленчук во кој беше најден глушец

април 5, 2021

Откако викендов по социјалните мрежи кружеа коментари на слики од битолчанец, кој купил замрзнат микс од зеленчук, со мртов глушец во него, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопштија дека: „Поради сомнеж за физичка контаминација  (присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази- Царски микс”, по потекло од Република Србија, […]

Топлотен бран денеска и утре – пијте повеќе течности и гледајте повеќе да сте под сенка

јули 30, 2020

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска и утре целата територија на земјава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, а Министерството за здравство упати до граѓаните неколку препораки како да избегнат последици од високите температури врз организмот. – Препорачливо е да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), […]

Откупот и продажбата на земјоделски производи намалени во однос на лани

август 16, 2018

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 4,4% во однос на истиот период од претходната година. Позитивна промена има кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители, каде е забележано зголемување за 14%, а кај продажбата на земјоделски производи од […]

Препораки од здравствените власти за заштита од топлотните бранови

август 9, 2018

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати неколку препораки за граѓаните како да се однесуваат на високите температури, односно како да се заштитат при топлотните бранови. Високите температури ја влошуваат состојбата кај луѓето со кардиоваскуларни болести (разни срцеви тегоби, проблеми со крвниот притисок, тромбози), како и кај оние што имаат проблеми со дишните патишта и кај […]

МЗШВ: Штетата од царината на Косово за земјоделските производи е околу 180.000 евра

август 7, 2018

Одлуката на Косово, со која царините за овошјето и зеленчукот од Македонија беа зголемени за 30 отсто, предизвика штета од околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, одговори денеска на новинарско прашање, шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски. Тој додаде дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран лани од 18 до 31 […]

Хрватска и официјално објави дека го повлекува новиот правилник за увоз

август 10, 2017

Веста за повлекување на новиот и за враќање на стариот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, е објавена на официјалната веб-страница на Министерството за земјоделство на Хрватска, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Со враќањето на стариот правилник, трошоците за контрола на квалитет на овошјето и на зеленчукот од трети земји […]

Хрватска попушти, ги враќа старите цени за контрола на овошјето и на зеленчукот

август 10, 2017

Хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ, се откажал од зголемувањето на надоместокот за фитосанитарна инспекција на овошјето и на зеленчукот што се увезува во Хрватска од Македонија, Србија, БИХ и од Црна Гора, јави хрватскиот „Т-портал“. Со тоа, цената на контролата по производ ќе изнесува 90 куни (12 евра) како и досега, наместо 2.000 куни […]

Србија очекува следните три дена да се најде решение за проблемот со извозот во Хрватска

август 9, 2017

Српскиот министер за трговија и туризам, Расим Љајиќ, очекува во следните три дена да биде најдено решение за спорот помеѓу Хрватска и земјите во регионот, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, а со кој значително се зголемуваат трошоците при извоз на свежото овошје и зеленчук. – Никому не […]

Толушиќ до Шаровиќ: Хрватска ќе ги намали таксите за извоз на овошје и зеленчук

август 8, 2017

Таксите за извоз на овошје и зеленчук во Хрватска, од земји кои не се во ЕУ, ќе бидат намалени, му соопштил денеска хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ, на босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи, Мирко Шаровиќ. Како што јавува „Радио Слободна Европа“, сепак, засега не се знае дали Хрватска ќе ги задоволи […]

Николовски телефонски разговарал со Толушиќ за крај на трговската војна со Хрватска

август 8, 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска телефонски разговарал со министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, при што значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук. „Во текот на денешниот ден, министерот Николовски оствари […]

Регионот побара од Хрватска да укине одредби од правилникот за увоз на овошје и зеленчук

август 7, 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, надлежните министри од Босна и Херцеговина – Мирко Шаровиќ, од Република Србија – Расим Љајиќ и од Црна Гора – Драгица Секулиќ, на денешниот итен состанок во Сареаво донесоа неколку заклучоци во врска со новиот хрватски правилник за увоз на свежо овошје и зеленчук. Министрите ја повикуваат Хрватска итно да […]

Николовски со колегите од Србија и од БИХ ќе дефинира став за извозот во Хрватска

август 7, 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Сараево ќе се сретне со своите колеги од БИХ и од Србија, Шемсудин Дедиќ и Бранислав Недимовиќ. Тројцата министри на средбата се очекува да дефинират заеднички став во врска со правилникот за контрола при увозот на овошје и на зеленчук што го воведе Хрватска. Со […]

Трошоците за живот се зголемени минимално

јуни 7, 2017

Трошоците за животот во мај во споредба со истиот месец лани се зголемиле за 1,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Минимално зголемување на трошоците има и во однос на претходниот месец, од 0,7 отсто. Зголемувањето на трошоците е забележано кај свежото и разладеното овошје за 13,2 проценти, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 12,6 […]

Трошоците за авионски превоз и за болнички услуги најмногу се зголемиле во март

април 7, 2017

Трошоците на животот во март, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за истиот период се зголемени за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемување на цените има кај свежото и разладеното овошје за 7,3 проценти, тутунот за 2,6 проценти, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто […]

Трошоците за живот во јануари минимално се зголемени во споредба со претходниот месец

февруари 14, 2017

Трошоците за живот во јануари во однос на претходниот месец се поголеми за 0,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Зголемување на трошоците е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4,5 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,4 проценти, млекото за 1,4 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 1,3 проценти, сирењето и […]

Минимално зголемување на трошоците за живот во септември

октомври 7, 2016

Трошоците на животот во септември, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето е резултат на повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук за 2,6 проценти, јајцата за 2,4 проценти, компирот за 1,3 отсто, месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје за 0,7 отсто. Во септември, исто така, зголемување на […]

Продажбата на зелените пазари намалена за 20 отсто поради супермаркетите

април 18, 2016

Продажбата на зелените пазари бележи пад од 10 до 20 проценти, по појавата на продажба на зеленчук и на овошје во големите супермаркети, истакнаа од Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија. Една од целите на оваа групација е преку осовременување и модернизација на пазарите, тие да останат атрактивни за купувачите наспроти појавата на големите хипермаркети, кои […]

Нема застој на албански камиони на македонско-албанската граница

април 11, 2016

Во врска со шпекулациите на одредени медиуми за застој на албански камиони со свежи зеленчук и овошје на македонската граница со Албанија и наводното прекршување на одредбите од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Министерството за економија информира дека трговската размена меѓу двете земји се одвива во согласност со договорот, односно, според информациите добиени од […]

Зголемени трошоците за живот во март во однос на претходниот месец

април 7, 2016

Трошоците на живот во март годинава, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Повисоките трошоци се должат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, јајцата за 1,1 отсто, сушениот зeленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, […]

Светскиот ден на здравата храна одбележан во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“

октомври 16, 2015

По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од клонот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, денеска имаа практична едукација. Имено, учителките од градинката им покажуваа на децата како и колку треба да се јаде здрава храна. Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност се градинките, последните години практикува проект за здрава храна во […]

Страна 1 од 2