Вкупно се лекуваат 638 пациенти во ковид центрите низ државата, има околу 920 празни кревети

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 638 и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 41 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 30, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 17, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...