fbpx

Вкупно 536 пациенти се лекуваат низ ковид центрите во државата, има околу 870 празни болнички кревети

-

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 329 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 536 и има околу 870 празни болнички кревети во ковид центрите.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 13, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денес и утре ќе има прашина од Сахара во воздухот на Балканот

Денес и утре може да се очекува повисоко количество на песок од пустината Сахара низ Балканот, вклучително и во Северна Македонија, известува европската Служба за следење на атмосферата -...