fbpx

Викендов во Германија пристигнаа 15.000 бегалци

-

Во текот на викендов во Германија, според последните податоци, пристигнале околу 15.000 бегалци од Унгарија преку Австрија.

Најголем број стигнале во Минхен, од каде се распоредени по германските покраини.

Канцеларката Ангела Меркел вечерва со своите коалициони партнери, социјалдемократите, ќе разговара за програмата за интеграција и за сместување на луѓето, имајќи предвид дека до крајот на годината во земјата ќе пристигнат вкупно 800.000 бегалци.

Германската влада одлучи да одвои дополнителни три милијарди евра за сојузните држави и за општините за да можат да се соочат со приливот на бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...