fbpx

Вештачката интелигенција и човековите права е темата на 19-тото издание на е-Општество.мк

На меѓународната конференција е-Општество.мк учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и преку Facebook Live на Facebook страницата на Фондација Метаморфозис

-

Фондацијата Метаморфозис по 19-ти пат ја организира меѓународната конференција е-Општество.мк, која годинава е посветена на темата „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност“. Главниот настан од Конференцијата ќе се организира на 19 декември во хибриден формат и ќе се одржи во хотелот „Мериот“ во Скопје (сала Ballroom I).

Пред одржувањето на главниот настан, на 18 декември со почеток од 18 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во Future Skills Next Center, ќе се одржи Сајбер Шејк дискусијата за млади „Зошто да учам кога има Вештачка интелигенција?“.

На оваа дискусија за млади ќе говорат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Адриан Бесими, координаторката на Форумот за образовни промени Сабрије Тефики, студентката на Универзитетот на Југоисточна Европа Зана Речи и студентката на Универзитетот во Тетово Њомза Бехадини. Модератор на дискусијата ќе биде новинарот од Порталб.мк Фисник Џелили.

Еден ден подоцна, главниот настан на конференцијата е-Општество.мк ќе биде отворен во 10 часот од министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, кој ќе говори на темата „Дигитална ера за граѓаните“.

Првата сесија ќе биде на темата „Етика во дизајн: Градење на инклузивни и неинвазивни технолошки решенија“, на која говорници ќе бидат директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, ко-основачката на Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 Зорица Велковска, постариот соработник на Ирскиот совет за граѓански слободи од Германија Крис Шрирак и истражувачката и основачка на Едукативниот центар Скампер Тамара Димитрова.

Краток инспиративен говор на темата „Одговорно користење на вештачка интелигенција“ ќе одржи Камил Сливовски, дизајнер на активности и содржини за учење во ИНКО (Полска).

Попладневната сесија на темата „Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес“ ќе започне во 12:05 часот. На оваа сесија говорници ќе зборуваат за влијанието на напливот на дезинформациите како закана за интегритетот на изборниот процес.

На меѓународната конференција е-Општество.мк учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и преку Facebook Live на Facebook страницата на Фондација Метаморфозис. Конференцијата ќе се одвива на англиски, македонски и албански јазик, со обезбеден превод во хотелот и преку ZOOM.

Конференцијата е-Општество.мк е организирана од Фондација за интернет и општество Метаморфозис во синергија со проектите “Центар против дезинформации на Западен Балкан” финансиран од Министерство за надворешни работи на Кралството Холандија, и проектот “Добро владеење во сајбербезбедност на Западен Балкан” спроведен од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) и Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на владата на Обединетото Кралство. Ставовите изнесени за време на конференцијата не нужно ги одразуваат мислењата на донаторите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...