Вчера во Скопје се одржа премиера на ‘No time to die’ – новиот филм за Џејмс Бонд

Постерот за најновиот филм 'No Time To Die'

Вчера започна премиерното емитување на најновиот филм од легендарната франшиза на филмови за Џејмс Бонд 007. Во салите на Cineplexx во Skopje City Mall, почнувајќи од вчерашниот датум и продолжувајќи со цел ден денес, фановите ќе имаат можност да го погледнат овој филм. Премиерата по кината во САД и светот беше на 30-ти септември годинава.

Најновото емитување е и последното каде ликот на Бонд го толкува Даниел Крег. Тој ја имаше главната улога од 2006 година и сними 5 филма од филмскиот серијал. Покрај Даниел во филмот се јавуваат и познатите актерски имиња: Рами Малек, Лашана Линч, Наоми Харис, Ана де Армас и Бен Вишав.

Во меѓувреме, одреден период се популаризира прашањето кој ќе биде следниот 007, односно кој ќе го замени Крег?

Според една од продуцентките на филмот, Барбара Брокули улогата може да ја добие актер кој што нема да е бел или британец, но дефинитивно тоа не може да е женска актерка. Во јавноста се споменуваше името на Лашана Линч, но според последната изјава во трката остануваат актерите Том Харди, Дев Пател, Лук Еванс, Реги-Јен Пејџ, Том Холанд, Силијан Мурфи, Џејмс Нортон, Роберт Петинсон и други, пишуваат на британскиот портал Esquire.com.

„Ќе треба да се замисли повторно, од почеток. Тоа е возбудливото во врска со франшизата, ликот на Бонд еволуира и се менува. Секој актер му подари по нешто ново. Ќе размислуваме за тоа кога ќе дојде време и тогаш ќе го пронајдеме вистинскиот за улогата“, изјави Барбара во интервју за Total film, известуваат од Еsquire.

До тогаш може да уживаме во уште една епизода од приказната за британскиот агент во режија на Кери Џоџи Фукунага, очекувајќи го следниот филм. Есенскиот период е одличен за почеток на маратонско гледање на сите филомви 007 со завршеток на најновиот филм, кој доби висока оценка од Rotten Tomatoes.