fbpx

Вчера МВР издало потврди на вкупно 1.784 мигранти

-

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил на вкупно 1.784 мигранти.

Според државјанството на лицата на кои вчера им биле издадени вакви документи, 893 се со потекло од Авганистан, 642 од Сирија, а од Ирак се вкупно 249 лица.

Од 1 јануари оваа година до вчера, МВР издало потврди на вкупно 15.808 мигранти, а од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, вакви документи им се издадени на вкупно 404.041 мигрант.

Како што информираат од МВР, вчера до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...