fbpx

Вчера издадени потврди на 1.667 мигранти

-

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.667 мигранти.

Според државјанството на лицата на кои им биле издадени вакви документи, 786 мигранти се со потекло од Сирија, 411 од Авганистан, а 470 лица се од Ирак.

Од 19 јуни, кога беа направени измените во Законот за азил и привремена заштита, поради мигрантската криза, заклучно со вчера, низ земјава поминале вкупно 384.481 мигрант, од кои најголемиот број, односно 214.266 се сириски државјани.

Во текот на вчерашниот ден, како што информираат од МВР, до Секторот за азил биле поднесени две нови барања за признавање на правото на азил, со што бројот на мигранти што досега побарале да останат во земјава изнесува 86 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...