Утре (недела 17 септември 2023 г.) од осум часот наутро во Скопје Министерството за внатрешни работи ќе спроведе посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка.
Полицијата информира дека трката ќе се одвива по следната траса:
Стартно/целна позиција на ул.„Беласица“ пред трговскиот центар “Ист гејт мол“, десно по бул. „Гоце Делчев“(десна коловозна лента), потоа повторно по бул. „Илинден“ (десна коловозна лента) сè до крстосница со ул.„МАНАПО“ и назад по истата коловозна лента.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.