fbpx

Уште еден охриѓанец под посебни мерки поради семејно насилство

-

На 34-годишен охриѓанец деновиве му биле изречени мерки забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и за вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување, откако минатиот месец под дејство на алкохол ја тепал сопругата.

Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, по прифатениот предлог на полицијата и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година, а ќе бидат спроведувани од СВР Охрид и од подрачните медицински установи.

– Предлогот, СВР Охрид го поднесе откако на 14 јануари, М.К., под дејство на алкохол, вербално ја навредувал својата сопруга и ѝ се заканувал дека ќе ја убие, по што физички ја нападнал, влечејќи ја за облеката и удирајќи ја со тупаници. Настанот се случил во еден хотел во Охрид, при прослава на празникот Свети Василиј Велики. По извршено алкотестирање, кај М.К. се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта – информираше Димоски.

Ова е втор случај на вакви изречени мерки за сторители на семејно насилство во текот на месецов. Минатата седмица, полицијата предложи, а судот одреди слични мерки против 51-годишниот А.М. од селото Лескоец, кој, пијан, на членовите на своето семејство им се заканувал дека ќе ги убие и дека ќе ја запали семејната куќа. Освен тоа, на насилникот му е изречена и мерката отстранување од домот, без оглед на сопственоста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...