Украинските програмери ги споделија своите приказни и фотографии од воената зона

Фото: Еуген Крупнов

Програмери со седиште во Украина зборуваа за ZDNet за тоа како преживуваат во услови на војна. Ова се нивните приказни.

„Нашата ќерка постојано прашуваше дали ќе умреме.“

Еуген Крупнов, програмер на популарната апликација за Mac Unclutter, се најде во ситуација да треба на својата осумгодишна ќерка да одговори со доза ироничен хумор во очајна и безизлезна ситуација.

„Не денес, се пошегувавме, цитирајќи ја Арија од „Игра на тронови“.

На 24 февруари, Крупнов и неговото семејство се евакуирале од Киев. „Додека бегавме од градот, слушнавме како гранатирањето ескалира, видовме бескраен сообраќај низ автопатите и бескрајни колони на секоја бензинска пумпа. Беше ноќно време. И се чинеше како апокалипса“.

Фото: Еуген Крупнов

Крупнов за ZDNet изјави: „Еден ден откако заминавме, непријателска ракета погоди висока зграда недалеку од нашиот дом во Киев“.

Украина има многу голем технолошки сектор. Според Блумберг, земјата може да се пофали со четвртина милион технолошки професионалци, од кои многумина обезбедуваат услуги за кодирање и програмирање на големи играчи како Apple, Google, Lyft, Ubisoft, Daimler, BMW, Citi и JPMorgan, меѓу многу други.

Според трговската група IT Ukraine Association, како што е објавено во Wall Street Journal, обемот на ИТ извозот „се зголемил за 36 отсто на 6,8 милијарди долари минатата година, од 5 милијарди долари во 2020 година и 4,2 милијарди долари во 2019 година“.

Според украинската фирма за програмери Daxx, преку истражување од SkillValue, програмерите на Украина се рангирани на петтото место во светот во однос на вкупната компетентност. Исто така, има илјадници претприемачки компании кои градат свои софтверски производи. ZDNet разговараше со неколку од нив.

Фото: Бохдан Топоривски

Тања Верт е специјалист за односи со јавноста во BeLight Software. Дејвид Гевирц, кој покрај тоа што е автор на блоговите на ZDNet Government и ZDNet DIY-IT е и истакнат предавач и советник за политика на САД, комуницирал повеќе години со Верт.

„Зборував со неа низ годините, особено кога го прегледував Live Home 3D. Идејата за оваа статија ми се јави кога користев Live Home 3D минатата недела за да ја преуредам домашната работилница. Користев производ за преуредување на мојот дом, кога програмерите го губат својот дом. Тимот BeLight сега е распространет низ Украина, а половина од тимот останува во Одеса“, раскажува Гевирц.

“Постојат аларми за воздушен напад неколку пати на ден, постојано се слушаат експлозии. Луѓето поминуваат по неколку часа секој ден во засолништа. Во Одеса нема метро, па подземни паркинзи. Подрумите и ходниците во зградите служат како засолништа. Секоја вечер ‘уживаме’ во проектили, беспилотни летала и реакции на воздушната одбрана на небото над морето“, рекла Верт за време на нивниот последен разговор.

Бохдан Топоривски е менаџер за оптимизација и содржина, исто така во Unclutter. Тој ситуацијата ја нарекува „нашиот живот овие денови“.

„Првите денови имавме поголема конфузија, паника и вознемиреност. Сега речиси се навикнувате на нештата и само треба помалку да се грижите. Се трудам да консумирам помалку вести, бидејќи тоа често носи стрес и тага“.

Во неговата е-пошта упатена до Гевирц тој напишал: „Среќни сме што имаме доволно храна и облека – премногу Украинци го немаат тој луксуз. Повеќето мои други пријатели со кои пишувам пораки се држат релативно добро. Прилично е тешко да се спие. Предупредувањето за воздушен напад нè буди еднаш или двапати во текот на ноќта (повеќе во текот на денот) и одиме во подрумот, ака засолништето за бомби“.

Во моментов, тој живее во засолниште за бегалци – локална црква. „Се населивме таму, не знаејќи колку време. Веќе помина речиси еден месец“, рече тој.

„Среде ужасот на војната, имаше две теми кои станаа очигледни за време на нашите разговори“, вели Гевирц: „Нивните напори да се одржи деловниот континуитет и украинскиот дух на членовите на нивниот тим“.