fbpx

Уапсена жена поврзана со нападите во Париз

-

Во париско предградие е уапсена жена поради сомнеж дека е поврзана со еден од обвинетите за нападите во Париз, наведуваат извори блиски до истрагата.

Извори, кои сакале да останат анонимни поради истрагата, која е во тек, навеле дека жената, чие име не се објавено, е партнерка на 25-годишен маж кој вчера бил уапсен во предградието Малакоф.

Уапсениот маж досега на полицијата ѝ бил познат како дилер на дрога. Се верува дека соработувал со Џавд Бендауд, кој е прелиминарно обвинет за нападите во Париз.

Бендауд пред апсењето признал дека обезбедил засолниште за Абделхамид Абауд, но негирал дека знаел дека тоа е поврзано со нападите од 13 ноември. Абауд, неговата роднина и еден неидентификуван маж загинаа во акцијата на полицијата, која упадна во станот на Бендауд на 18 ноември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата се поднови со 45 „Шкода суперб“ за 2,2 милиони евра

Склучен е договор меѓу Службата за општи и заеднички работи на Владата и Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје за набавка на 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг со...