fbpx

Турција предупредува: Терористите може да нападнат на Велигден

-

Турската полиција денеска предупреди дека можни се напади на Исламска држава на христијани и Евреи за време на Велигденскиот викенд.

Полицијата објави предупредување за цела територија на Турција за можни напади на цркви, но и на синагоги.

Исламската држава е обвинета за четири од шест бомбашки напади во Турција во изминатите осум месеци, вклучувајќи го и двојниот самоубиствен напад на мировниот митинг во октомври минатата година, кога загинаа 130 лица.

Радикалниот разгранок на Работничката партија на Курдистан ја презеде одговорноста за нападите.

Полицијата предупреди дека членови на Исламска држава може надгледуваат богослужби, конзулати и амбасади и оти е потребно да се преземат посебни мерки за безбедност на црквите и синагогите во Анкара и фондациите кои припаѓаат на немуслиманското население
.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...