Турнири во CS:GO и FIFA21 на MESA Summer Jam

МЕСА Summer Jam

Македонската Еспорт Асоцијација (МЕСА) го најави Mesa Summer Jam настанот, од кој дел ќе бидат турнирите во Counter-Strike: Global Offensive и FIFA21.

Пријавите за учество на турнирите се веќе започнати, а повикот за пријавување ќе биде отворен до недела, 27 јуни, до 20:00 часот.

МЕСА ги повикува сите играчи и обожаватели кои сакаат да ги покажат своите CS:GO способности да се пријават и да покажат зошто се најдобри. Турнирот во CS:GO ќе се одигрува онлајн во периодот од 28 јуни до 1 јули, додека LAN настанот ќе се случи на 3 и 4 јули.

Истиот викенд ќе се одржи и турнирот во FIFA21, кога 64 играчи ќе се натпреваруваат за пехарот во студиото Инфомедиа. Извлекувањето на Бракетот ќе биде емитувано во живо во петок во 18:00 часот на Twitch каналот на МЕСА.

Македонската Еспорт Асоцијација најавува многу забава и натпреварување, одлична конкуренција и врвни услови за пријавените натпреварувачи.

Најдобрите тимови на двата турнира ќе добијат процентуален износ од вкупните собрани средства. Од МЕСА апелираат играчите да се однесуваат фер и коректно кон противниците, своите соиграчи, кон администраторот и организаторот на настанот, како и да ги почитуваат пропишаните протоколи.

Пријавувањето, кое е во тек, се врши на следниве линкови:

Counter-Strike: Global Offensive

FIFA21