fbpx

Цените на овошјето и на зеленчукот во август повисоки од јулските

-

Индексот на трошоците на животот во август 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите, објави Државниот завод за статистика.

Пораст е забележан кај свежиот зеленчук за 2,7 проценти, свежото овошје за 1,7 отсто, сувомесните производи и рибата за 0,6 отсто, сувото овошје и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто, трајните колбасичарски производи, свежото млеко, замрзнатиот зеленчук и кај кондиторските производи за 0,2 отсто.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај авионскиот превоз на патници за 31,4 проценти, цврстите горива и пијалаците во рестораните за 0,8 отсто, исхраната во рестораните за 0,5 отсто, услугите за одржување и за поправки на станот, малите електрични апарати, услугите за лична хигиена, средствата за лична хигиена и кај накитот и часовниците за 0,2 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во споредба со претходниот месец , е забележано кај јајцата за 1,9 отсто, производите од жито за 1,7 отсто, конзервираните месни производи за 0,8 отсто, другите неспомнати прехранбени производи за 0,5 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи
за 0,4 отсто, свежото месо и преработките од млеко за 0,2 отсто.

Индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во споредба со август 2014 година, бележи пораст од 0,1 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,8 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...