Синоќа, околу 22.50 часот, на раскрсницата меѓу булеварот Крсте Мисирков и булеварот Гоце Делчев во Скопје, повеќе непознати лица физички нападнале тројца малолетници.

Според полициските информации, малолетниците биле нападнати без повод и причина и им биле нанесени телесни повреди на главата и по телото.

Полицијата засега нема осомничени за инцидентот и презема мерки за нивно откривање и за расчистување на случајот.