Тројца Руси и украински сепаратист осомничени за соборување на малезискиот авион над Украина

-

Холандскиот јавен обвинител денеска ги објави имињата на четворица осомничени за соборување на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во јули 2014 година над Украина, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Главен осомничен е поранешниот полковник на руската разузнавачка служба ФСБ, Игор Гиркин, познат и како Стрелков, лидер на проруските сепаратисти во Донецката област во Украина.

Осомничени се и двајца поранешни припадници на руската специјална служба ГРУ, односно Военото разузнавање, Сергеј Дубинскиј и Олег Пуљатов, и Украинецот Леонид Каченко, кој предводел сепаратистичка воена единица во источна Украина.

– Здружениот истражен тим нема да бара екстрадиција на осомничените, затоа што уставите и на Русија и на Украина забрануваат екстрадиција на нивни државјани – изјави холандскиот обвинител Фред Вестербеке. Наместо екстрадиција, истражниот тим ќе побара Москва да ги уапси Гиркин, Дубински и Пуљатов.

Судењето во Холандија е закажано за 9 март 2020.

Веднаш по прес-конференцијата на холандскиот обвинител, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави напредокот во истрагата.

– Ова е важна одредница во напорите да се открие целата вистина и да се обезбеди правдата за убиството на 298 луѓе од 17 земји. Имам целосна доверба во независноста и професионализмот на истрагата и во холандскиот правен систем. Како што нагласи Советот за безбедност на ОН, сите држави треба да соработуваат во напорите за утврдување на вистината, правдата и одговорноста – порача Столтенберг.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...