fbpx

Тридневен генерален штрајк во Грција против новите пензиски и даночни реформи

-

Грција во следните три дена е целосно парализирана од работнички штрајкови. Двата најголеми работнички синдикати ГСЕЕ и АДЕДИ прогласија тридневен штрајк, од денеска до понеделник, против ненадејната владина одлука викендов да се гласа новиот пакет мерки кој предвидува намалувања на пензиите и зголемување на даноци.

Владата на Алексис Ципрас вчера експресно одлучи контроверзниот пакет, против кој со месеци се бунтуваат граѓаните, викендов да се стави на расправа и на гласање во собранитето. Гласањето е закажано за недела.

Процените се дека грчката влада сака пакетот да помине пред предвидениот понеделнички состанок на еврогрупата за Грција да покаже пред кредиторите дека е одлучена да ги спроведе договорените мерки, а со тоа да издејствува да се отфрли барањето на ММФ за дополнителен пакет мерки од 3,6 милиони евра. Во земјата се коментира и дека ова е начин да се добие поддршката од сите пратеници на СИРИЗА, односно да се избегне дополнително ослабување на парламентарното мнозинство во случај европските кредитори да инсистираат и на дополнителни мерки.

Грчката влада е оптимист дека гласањето ќе помине без проблеми и дека пакетот марки в недела вечер ќе биде изгласан со поддршка од пратениците од двете владејачки партии, СИРИЗА и Независни Грци. Денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се обрати до пратеничката група на СИРИЗА за да побара единство во гласањето и поддршка за овој пакет.

Мерките со кои ќе се намалат пензиите, ќе се укинат пензиските бенефиции, особено за тие со најдолг стаж, ќе има нови зголемувања на даночни ставки на храната, алхохолот, голем број услуги, како превозот со авион и со такси, поскапувања на горивото и ред други, денеска ставија клуч на јавната администрација. Затворени се сите државни институции, болниците работат само со обезбедување и за итни случаи. Следните три дена нема возови, ниту бродови низ државата.

Во Атина целосно е парализиран јавниот превоз. „Рачна“ кренаа метро-превозот, трамвајскиот и автобускиот превоз. Државата е во медиумски мрак и тоа во моменти кога се гласа за клучни мерки бидејќи новинарскиот синдикат прогласи тридневен штрајк. Весниците не смеат да излегуваат, а дозволени се еднаш дневно 15-минутни кратки вести на радијата и на телевизиите.

Штрајкот ќе кулминира со протест в недела попладне, пред грчкиот парламент, во моментите кога ќе се гласа за мерките во висина од 5,4 милиони евра.
Кон протестот ќе се приклучат и земјоделците кои најавија протест пред парламентот во Атина за утре попладне.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...