fbpx

Трамп: Нападот во Лас Вегас е акт на чисто зло

-

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обрати по нападот во Лас Вегас, велејќи дека нацијата денеска е во жалост, шок и во болка. Тој нападот го нарече акт на чисто зло.

Напаѓачот е идентификуван како Стивен Педок (64) од Невада и во хотелската соба од каде што пукал биле пронајдени 10 парчиња оружје.

Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот, но ФБИ го отфрли ваквото тврдење.

„Нападот во Лас Вегас го изврши војник на Исламската држава. Напаѓачот пред неколку месеци премина во ислам“, беше објавено на интернет-страницата на терористичката организација „Амак“.

Сепак, ФБИ соопшти дека нема докази дека напаѓачот бил поврзан со било која меѓународна милитантна група.

Во нападот што се случи синоќа по локално време убиени се најмалку 58 луѓе, а повредени се повеќе од 500.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...