fbpx

Трамп: Ако победам, ќе ги вратам сириските бегалци дома

-

Доналд Трамп, кој е во трка за претседателски кандидат на републиканците, изјави дека ќе се заложи за враќање на илјадниците сириски бегалци во нивната земја, доколку биде избран за претседател на САД.

Изјавата на Трамп доаѓа откако Русија соопшти дека нејзините воздухопловни сили почнале да изведуваат напади во Сирија против припадниците на Исламска држава.

Трамп оцени дека интервенцијата би можела да биде благотворна „ако Русија сака да ги нападне и уништи ИД и може да ја стабилизира големата миграција со 200.000 лица кои доаѓаат во САД“. Тој, исто така, оцени дека постои опасност меѓу бегалците да има и припадници на ИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...