Тошковски за вчерашната акција: Приведени се четворица, има индиции за епски криминал од милионски суми

Ова е еден од предметите кои што слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал кој за жал повторно е на штета на буџетот на Македонија односно на парите на народот, рече Тошковски

-

Четири лица се приведени во вчерашната акција во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната посета на Охрид.

„Вчерашната акција беше доста опсежна и обемна на повеќе од десетина локации на територија на Македонија. Постапувавме координирано со Обвинителството за гонење на организиран криминал по наредба на судија на претходна постапка како и заедно со останати државни институции како УЈП, Министерство за финансии и Царина. Ова е еден од предметите кои што слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал кој за жал повторно е на штета на буџетот на Македонија односно на парите на народот“, рече Тошковски.

Тој додаде дека првичните информации се дека станува збор за милионски суми кои што се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера соопшти дека издало наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови. Биле запленета бројна документација и електронски записи, кои ќе се анализираат.

Обвинителството соопшти дека во акцијата учествувале УЈП, полицијата и нивни истражители, а министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска на Фејсбук се пофали дека лично учествувала во акцијата во Струмица, која се поврзува со лица кои се наводно блиски до експремиерот Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...