Старите возачки дозволи ќе важат до крајот на годинава, Тошковски ги повика граѓаните да ги променат

Министерот во изјава за медиумите рече дека во наредните денови МВР преку кампања ќе ги повикува граѓаните што не ги обновиле возачките дозволи, да извадат нови со уставното име

-

Сите граѓани кои имаат возачки дозволи со старото име на државава да пристапат кон обновување на истите, апелираше утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој во изјава за медиумите рече дека во наредните денови Министерството за внатрешни работи (МВР) преку кампања ќе ги повикува граѓаните што не ги обновиле возачките дозволи, да извадат нови со уставното име.

„Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име. Потребно е да се издадат уште околу милион возачки дозволи со новото име. Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото име да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година“, изјави Тошковски.

Министерот тврди дека нема повеќе гужви и оти издавањето на документите е вратено во нормала.

„Од оваа недела натаму, секој граѓанин којшто ќе поднесе барање за да се стекне со нова патна исправа, возачка дозвола, лична карта, ќе може да ги оствари во рамки на законското право во рок од 15 дена“, рече Тошковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Еленчето кое се дави во базен на ова видео е спасено и пуштено на слобода

Видеоматеријалот од објавата што ја рецензираме е компилација од три различни видеа. Но, приказната со еленчето кое почнало да се дави во базен од куќа не завршува така како...