fbpx

Тинејџерка спасена од Исламска држава

-

Курдските сили спасиле шведска тинејџерка од Исламска држава во ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на екстремистите, соопштија денеска курдските власти.

Регионалната влада навела дека 16-годишната девојка е ослободена на 17 февруари, за време на операциите на курдските антитерористички сили кај Мосул.

Во соопштението се наведува дека девојката е од шведскиот град Борас и оти била „врбувана“ од член на ИД.

Во документот се наведува дека шведските власти и семејството на девојката побарале од регионалните курдски власти да ѝ помогнат. Девојката наскоро ќе биде испратена во Шведска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер со иранскиот претседател претрпил „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи изјави дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките временски...