fbpx

Тетово полно со отпадоци, одговорните за чистота не одговараат на повици бидејќи се „на состанок“

-

Надлежните за чистење на отпадот на градот Тетово, немаат време да одговорат на новинарите за нечистотијата во градот, бидејќи се „зафатени“ со состаноци, додека граѓаните и понатаму го „поднесуваат“ ѓубрето и реата што се шири од нечистотијата, во ова време со високи температури и во состојба на пандемија. И покрај тоа што градоначалничката на Тетово, Теута Арифи ветуваше транспарентност, претставниците на општината не ги отвораат телефоните ниту враќаат пораки на новинарски прашања, пренесува Порталб.мк.

Новинарот на Порталб.мк, три дена по ред, по десетина пати по телефон, пораки, но и електронски пораки, се обидува да добие одговори од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово, во врска со нечистотијата во градот, по жалбите на многу граѓани дека градот е преполн со отпадоци и дека не се чистат со денови. Меѓутоа, одговорните лица, кои се платени од истите граѓани за да го исчистат ѓубрето, не сметаат дека е разумно да одговорат на некои прашања што се однесуваат на одржувањето на чистотата во градот.

„Ги известивме надлежните лица и тие ќе одговорат бидејќи се зафатени со состаноци“, е единствениот одговор од Канцеларијата за информации на ЈКП-Тетово.

Од Порталб.мк, контактираа со Општина Тетово, но тие рекоа дека ЈКП Тетово е одговорно за ова прашање.

Не можејќи да добиеме изјави од одговорните, се обидовме да контактираме со властите преку каналите за јавна комуникација.

Ја посетивме веб-страницата на ЈКП-Тетово која е полу – функционална и, тука постои опција директно да се контактира со претпријатието. Новинарот на Порталб.мк испрати прашања и преку оваа платформа, но повторно не доби одговор.

Одговор не доби ниту од официјалниот информативен број, кој исто така е јавен на веб – страницата.

Од она што го видовме, веб-страница на ЈКП не се ажурира редовно. Недостасуваат извештаи, контакти со одговорни лица за одредени сектори, контакти на директорот на претпријатието и неговиот кабинет и други дополнителни информации.

Ова претпријатие најголемиот дел од известувањата ги објавува преку Фејсбук страницата, кои потоа се појавуваат во празно место и на веб-страницата.

Порталб.мк испрати прашања и до Општинскиот инспекторат, зошто не ги проверуваат луѓето кои фрлаат отпадни материјали, кабаст отпад и мебел, но од Општинскиот инспекторат досега не сме добиле одговор.

Отпадот бил и продолжува да биде еден од главните проблеми за градот Тетово долги години. Одговорно за управување со овој отпад е Јавното комунално претпријатие (ЈКП), кое со текот на годините и понатаму не наоѓа решение за овој проблем.

Порталб.мк, претходно напиша дека се формирани над десет мали депонии во Тетово веќе неколку дена, блокирајќи дури и некои тротоари каде треба да поминуваат пешаци. Жителите велат дека се фрустрирани од лошата миризба што доаѓа од улиците, а истата навлегува и во куќите.

Од Општинското јавно претпријатие (ЈКП) Тетово, пред четири дена (26 јули) за Порталб.мк рекоа дека ситуацијата ќе се среди следниот ден (27 јули), но на терен и понатаму сè останува исто, и како рековме погоре, властите не одговараат за причините поради кои овој отпад не е исчистен.

Претпријатието под истрага за можни злоупотреби

Во текот на месец јуни, за Порталб.мк директорот на Финансиската полиција на РМВ, Арафат Мухареми потврди дека Финансиската полиција спроведува истрага за можни злоупотреби во две јавни претпријатија основани од Општина Тетово. Меѓу кои беше и Јавното комунално претпријатие „Тетово“ (ЈКП).

Претходниот директор на ЈКП, Џелал Цека, беше разрешен од оваа инспекција и на чело на компанијата дојде Ајетали Дервиши, чие име беше потврдено од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Но, Арифи ја негираше инспекцијата од страна на финансиската полиција на овие компании и оставката на Цека.

„Неговиот мандат заврши и се работи за дополнителни планови во негов понатамошен ангажман, вака правиме селекции што доаѓаат како резултат на крајот на мандатот“, рече Теута Арифи.

Што вели законот за јавна чистота?

Секој граѓанин кој има поплаки за нечистотија во Тетово, може да достави на фиксниот број 044 331 167. Ги потсетуваме граѓаните и дека според Законот за јавна чистота, секое физичко лице доколку биде фатено како фрла крпа, цигара или слично ќе биде казнето со 50 евра, додека доколку биде фатено како фрла градежен шут, предвидена е казна од 150 до 200 евра.

Еколошкиот инспекторат и понатаму останува бескорисен

На апликацијата E-report“ граѓаните можат да пријават несвесно однесување на физичките и правните лица кои со своите постапки ја загадуваат животната средина, но на оваа апликација бројот е нефункционален.

Властите не спроведуваат чести контроли и инспекции на терен како превентивна мерка против фрлање тешки материјали.

Со оглед на тоа што ѓубрето во контејнерите за ѓубре не се собира и распоредот за нивното собирање не е доволен, и додека надлежните органи не бидат сериозни и не пронајдат решение за овој проблем, граѓаните продолжуваат да се гушат во лоша реа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...