Во Анкара денеска се случи терористички напад кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на турскиот парламент, пренесе Би-би-си.
Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека „еден терорист се разнесе, а вториот е неутрализиран“ во терористичкиот напад во близина на министерството во главниот град Анкара.
Јерликаја во објавата на социјалните мрежи напиша дека терористите се доближиле до зградата на министерството со лесно комерцијално возило и дека еден од нив го активирал експлозивот и се разнел, а вториот, додаде, бил „неутрализиран“ во престрелката со полицијата која следела, во која двајца полицајци, исто така, биле полесно ранети