fbpx

Теренската проверка на избирачкиот список се враќа на маса

-

СДСМ бара „сериозна теренска проверка на избирачкиот список“ за да може да се каже дека ќе има фер и демократски избори.

Ова ќе биде и една од темите на денешната средба на работните групи на претставниците на политичките партии, која почнува во 17 часот во Клубот на пратеници.

На средбата ќе се разговара и за регулацијата на медиумите.

Последната средба на работните групи беше во четвртокот минатата недела, но партиите не постигнаа никаков напредок.

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на минатонеделната седница усвоиле одлука при вкрстеното споредување на податоци за прочистување на избирачкиот список, да се користат базите на 13 институции. Меѓу нив се Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи, Народна банка, Агенцијата за катастар, Министерството за труд и социјална политика и други.

Сепак, според членови на оваа институција, има уште многу работа за да може да се каже дека ќе има фер избори со прочистен избирачки список.

Како што информираат тие, ДИК сè уште нема правилник за ажурирање, што практично не дозволува ниту овој процес да почне, а уште помалку да се утврдат роковите за вкрстувањето на базите на податоци на гласачите, како и да се спроведе теренската проверка. За ажурирање на податоците, потребен е софтвер, што во моментов ДИК, исто така, го нема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...