fbpx

Талибанците поделени околу новиот лидер Мула Мансур

-

Новиот лидер на авганистанските талибанци, Мула Актар Мансур, во аудиопорака, објавена денеска, повикал на единство и на продолжување на борбите, јавува „Би-Би-Си“.

Мула Мансур бил именуван за нов лидер на талибанците во четвртокот, откако авганистанските власти ја потврдија информацијата за смртта на досегашниот водач на милитантната група, Мула Омар, кој починал пред две години во болница во Пакистан.

Сепак, портпарол на талибанците за британскиот национален сервис изјавил дека Мула Мансур не бил назначен од „страна на сите талибанци“, што е спротивно на шеријатското право.

Во 30-минутната аудиоснимка, објавена денеска, се наведува дека групата „ќе продолжи со својот џихад сè додека не се воведе исламска управа во земјата.“

Дел од талибанците, според „Би-Би-Си“, обвинуваат дека назначувањето на Мула Мансур за лидер е дело на пропакистанското крило во групата.

Најмалку една фракција на талибанците смета дека Мула Омар треба да биде заменет од неговиот син.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...