fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев: Груевски не смее да формира влада

Режимот на Никола Груевски не смее да формира влада, истакна попладнево на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и ги повика партиите чии кандидати добиле пратенички манданти да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ за нова влада. - Поразивме режим со пенкало и со глас. Режимот не смее да формира влада. Ги повикувам сите партии што добија мандат од граѓаните, освен ВМРО-ДПМНЕ, да...

Заев: Го победивме режимот со пенкало, победи животот!

„Режимот падна. Нека разбере целиот свет - Македонија испиша светска историја, падна режим со пенкало, со глас“, им рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓаните пред Владата. - Добровечер Македонијо моја, добровечер победници. Ова денеска што го направи Македонија, ќе се пишува во историја. Почитувани граѓани, во моментов опозицијата предводена од СДСМ заедно со граѓаните има еден мандат повеќе....

Заев: Граѓаните гласаат за напредна, слободна и единствена Македонија

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4, Зоран Заев, денеска гласаше на гласачкото место 1730 во СОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица. По гласањето, тој изјави дека денеска е историски ден за граѓаните на Македонија, бидејќи избираат живот и иднина во својата земја. - Граѓаните гласаат за напредна, слободна и единствена Македонија, а прв чекор до тоа е...

Изборите ќе донесат промени, гласајте слободно, порача Заев на завршниот митинг

Во општина Гази Баба, СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија ја заокружија кампањата за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вети дека изборите ќе донесат промени и ги поттикна граѓаните да гласаат слободно. - На 11 декември ќе се слави и живот и слобода и демократија и правда. Не ќе има кантонизации и федерализации, туку...

Заев ги повика граѓаните да гласаат без да се плашат

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборна единица 4, Зоран Заев, денеска од Струмица ги повика граѓаните да гласаат в недела, бидејќи, како што рече, треба да изберат помеѓу живот и режим. - Изборот се врши преку тајно гласање. Повторувам, тајно гласање. Изборниот глас на граѓаните е таен, тоа е уставно гарантирано право. Никој не знае за...

Груевски: Со 63 пратеници нема да дозволиме дестабилизација на државата

СДСМ ќе го доживее десеттиот пораз од овој народ, кој гласот ќе го даде за тие што отворија повеќе од 160.000 работни места, тие што создадоа најдобра бизнис-клима и за тие што направија држава со најниски даноци во светот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во општина Бутел. - Народот нема да дозволи двојазичност,...

Заев ги повика административците да се охрабрат и да изберат промени

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија, кој се одржаа во Радовиш, ги повика вработените во јавната администрација да се охрабрат, да не се плашат и да ги изберат промените. Тој упати повик и до младите да си ја обезбедат својата иднина тука, а бабите и дедовците со заокружување на бројот 4 ги повика да...

На овие избори гласате за вашата и за иднината на Македонија, порача Заев од Бутел

На овие избори не се гласа за партија туку за вашата иднина и за иднината на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија вечерва во Бутел. - Не се гласа за партија. На овие избори гласате за вашата иднина и за иднината на Македонија. Ни треба стабилна иднина. Секој ќе одговара по...

Груевски презафатен да излезе на ТВ-дуел на МТВ и на „Телма“

Лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, нема да имаат предизборно телевизиско соочување. Вакви ТВ-дуели помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА беа закажани на неколку телевизии, но беа и откажани поради, како што соопштиле дел од лидерите, презафатеност. Изборно соочување помеѓу лидерите на четирите најголеми партии за утре беше закажано на...

Народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев, порача Груевски

„Сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе сè е јасно, народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев кое предвидува промена на уставноста, јазикот, федерализација и кантонизација на државата,“ изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија вечерва од Делчево. Тој додаде дека „секој што сака да гласа за...

Заев: Целта на „Скопје 2014“ беше никој да не го контролира трошењето на парите од буџетот

„Не може Македонија да биде загарантирана држава со скриени вистини за смртта на Никола Младенов, Мартин Нешкоски, децата кај Смиљковско Езеро, настаните во Диво Насеље... Граѓаните заслужуваат целосна вистина и откривање на вистинските мотиви за ваквите настани“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија во Куманово. - Исплашени лажат и велат дека се залагаме за...

Ова не се избори за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку за Македонија, порача Заев од Охрид

„Македонија не може да оди напред и да биде просперитетна и сигурна земја, без да се открие вистината докрај за тоа кој ги уби децата кај Смиљковско Езеро, кој го уби Мартин Нешкоски, без да се открие целата вистина за кумановско Диво Насеље“, порача вечерва од митингот во Охрид, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Заев рече дека мултиетничка Македонија е...

Заев: Мислете на 12 декември, кога ќе сфатите дека сте донеле живот во Македонија

„Ова не е обична изборна кампања, овие избори не се за ВМРО-ДПМНЕ или за СДСМ, овие избори се за вас, за вашите деца, внуци... Oва „или-или“ не е обично, тоа значи пропаст или живот. Верувам дека заедно имаме огромна сила да успееме. Нашиот глас в недела ќе биде глас за планот што носи живот. Мислете на 12 декември, кога ќе...

Груевски од Крива Паланка: Широка коалиција по изборите ќе значи продолжување на кризата

Заев не само што нема да стане премиер на Македонија, туку по локалните избори во мај следната година, нема да биде ниту градиначалник на Струмица, порача вечерва Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во четвртата изборна единица, од митингот во Крива Паланка. Тој истакна дека СДСМ на изборите на 11 декември ќе изгуби со толку голема...

Не бараме 63 пратеници, туку поддршка за реформска влада, порача Заев од Битола

Не барам 63 пратеници, туку подобар живот за 1,5 милиони граѓани во Македонија и за сите што си заминаа од државата, истакна лидерот на СДСМ и носител на листа во четвртата изборна едница, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на партијата и на Коалицијата за живот во Македонија во Битола. Тој истакна дека по проектот „Скопје 2014“, „најголемиот криминал што го...

Заев: Граѓаните да не се плашат од Груевски и да се вклучат во борбата за живот

На митингот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во Валандово, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на граѓаните им порача „да не се плашат од злосторничката банда на Груевски и да се вклучат во борбата за живот“. Посебно им се обрати на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и им порача дека тие не се виновни, туку само неколкумина од врвот на...

Груевски: Граѓаните не сакаат премиер криминалец и митаџија

Митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во Битола вечерва наликуваше на митинг на партија која долго време е во опозиција, присеќавајќи се на последиците од владеењето на СДСМ и ветувајќи што сè ќе направат за државата и за Битола ако победат на 11 декември. Така, кандидатите за пратеници од Битола во петтата изборна единица, спомнувајќи ја...

Федерализација ќе нема, но конфискација на имот ќе има, порача Заев од Штип

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Штип на Коалицијата за живот во Македонија, рече дека јавното признание на високите претставници на ДУИ дека УЧК ги водела владата и собранието, а дека албанскиот јазик се спроведува во сите институции, му ја урна темата на Груевски со која тој ја гради својата предизборна кампања за наводната федерализација и...

Заев: Ќе има конфискација, ред е Груевски да врати сè

Лидерот на СДСМ и предводник на Коалицијата за живот во Македонија, Зоран Заев, вечерва на митингот во Берово рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе го врати украденото и дека ќе има конфискација на имотот. - Груевски во последните три-четири години потроши 1 милијарда евра на споменици, на музеи, на жални врби и на што ли уште не. И...

СДСМ ќе потроши милиони евра, но за нови работни места, порача Заев од Делчево

„Ако Груевски потроши 700 милиони евра за споменици и за фонтани, и јас ќе потрошам 700 милиони евра, но за нови работни места“, порача лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа на партијата во изборната единица 4, Зоран Заев, на митингот кој Коалицијата за живот во Македонија вечерва го одржа во Делчево. Тој истакна дека Делчево ќе го оправда аманетот...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...