fbpx

Заев: Целта на „Скопје 2014“ беше никој да не го контролира трошењето на парите од буџетот

-

„Не може Македонија да биде загарантирана држава со скриени вистини за смртта на Никола Младенов, Мартин Нешкоски, децата кај Смиљковско Езеро, настаните во Диво Насеље… Граѓаните заслужуваат целосна вистина и откривање на вистинските мотиви за ваквите настани“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија во Куманово.

– Исплашени лажат и велат дека се залагаме за федерализација и за катонизација на државата. Но, кој од Албанците побарал од Заев федерализација? Никој! Тие бараат повеќе пари во семејството, образование за своите деца, подобро здравство, бараат заеднички живот во оваа наша Македонија – изјави Заев.

На митингот Заев потесети и дека повеќе од 650 милиони евра се дадени за проектот „Скопје 2014“.

– Реалноста е дека овој проект не е само за да го разобличи и да го промени ликот на Скопје, туку е и осмислено сценарио на квазипатриотите за да го променат мислењето на меѓународната заедница во процесот на решавање на спорот за името. Заради овој проект ја изгубивме поддршката. Со тоа Македонија ќе биде подалеку од ЕУ и од НАТО, а ако е подалеку никој не ги контролира буџетските пари. Само заради пари ваквите квазипатриоти ги продале нашите интереси – рече Заев и уште еднаш го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на телевизиски дуел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...