fbpx

Ова не се избори за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку за Македонија, порача Заев од Охрид

-

„Македонија не може да оди напред и да биде просперитетна и сигурна земја, без да се открие вистината докрај за тоа кој ги уби децата кај Смиљковско Езеро, кој го уби Мартин Нешкоски, без да се открие целата вистина за кумановско Диво Насеље“, порача вечерва од митингот во Охрид, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев рече дека мултиетничка Македонија е предност и гаранција за сите нејзини граѓани.

– Тоа не ѝ одговара на забеганата, аздисана власт, која мора да биде казнета за пример за сите идни влади. Никогаш повеќе ваква власт и ваков режим нема да се повторат. Купуваат пасоши, не прашуваат за пари. Каде ќе бегаат? Уште сега ѝ порачувам на граничната полиција, ја предупредувам, да внимава кого ќе пушта надвор. Доаѓа победата, нашата коалиција ќе има 5 до 10 мандати повеќе од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – рече Заев.

На митингот во Охрид говореше и Радмила Шекеринска, заменик-претседателка на СДСМ и носителка на листата во петтата изборна единица. Таа рече дека Охрид повеќе нема да биде лидер во иселувањето зашто, како што рече, „граѓаните ќе одберат живот“. Таа на охриѓани им вети субвенции за вработување, во висина од 140 милиони евра за помош на домашните бизниси.

Заев претходно во Дебар ги повика административните работници, примателите на социјална помош и примателите на субвенции да не се плашат повеќе од притисоци и од закани и да се приклучат без страв во борбата за нов живот во Македонија.

– Ова не се избори за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, ова не се избори за политички партии, ова се избори за нас, за нашите деца, за нашите внуци. Ова се избори за нашиот живот, тука во Македонија. На 11 декември да го заокружиме бројот 4 и да ги вратиме слободата, демократијата, правдата и животот на сите – порача Заев од митингот во Дебар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...