fbpx
Таг: жени

таг: жени

Собранието се обои портокалово

Собранието на Република Македонија вчеравечер, заедно со голем број знаменитости низ светот, заблеска во портокалово во поддршка на ставањето крај на насилството врз жени и девојчиња, со што беше означен почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. На настанот, кој го организираа Обединетите нации и Собранието на Република Македонија, се обратија претседателот на Собранието, Талат Џафери,...

Седма година по ред, Ангела Меркел е највлијателна жена според магазинот „Форбс“

Магазинот „Форбс“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за највлијателна жена во светот за 2017 година. Меркел на врвот на листата на „Форбс“ се наоѓа веќе седма година по ред. Листата на 100 највлијателни жени беше објавена денеска. https://twitter.com/Forbes/status/925709034627502081 На второто место се наоѓа британската премиерка Тереза Меј, која доаѓа на местото на поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон. Таа на...

Терорист уби две жени на железничка станица во Марсеј

Две жени денеска беа убиени со нож од напаѓач кој на железничката станица во Марсеј извикувал „Алах е голем“. Тој потоа бил погоден и убиен од војниците кои интервенирале. Полицијата вели дека според досегашните сознанија, станува збор за терористички напад. Во моментов кај станицата и пошироко се спроведува голема безбедносна операција. Марсеј во август искуси два слични напади, а во изминативе две...

Малку жени се сопственици на големи и на средни компании во Македонија

Во 73 проценти  од македонските големи и средни компании сопствениците се мажи, а 67 проценти се генерални менаџери, додека жени менаџираат во 33 отсто од компаниите, а само 27 проценти се сопственички. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето за родова застапеност на раководни позиции во Македонија, кое Институтот за комуникациски студии во соработка со Институтот „Изида Вита“ од Словенија го реализираше...

Платформата за родова еднаквост бара поголема вклученост на жените на изборите

Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидати за локалните избори да се заложат за родова балансираност. Од таму потсетуваат дека во 1996 и во 2009 година ниту една жена не била избрана за градоначалничка, а на последните локални избори, во 2013 година, биле избрани 19 пати повеќе градоначалници отколку градоначалнички (76 мажи наспроти четири жени). „Наспроти декларативните заложби,...

Во воздушни напади во Сирија загинале 29 лица

Сириската опозиција соопшти дека изминатите два дена во воздушни напади на северот на Сирија, кој е под контрола на Исламската држава, загинале најмалку 29 лица. Коалицијата предводена од САД се обидува повторно да воспостави контрола на Рака, а силите предводени од Курдите, моментно контролираат половина од тој сириски град. Опсерваторијата за човекови права соопшти дека воздушните напади се интензивирале во изминатите...

Рохани именуваше две жени за потпретседателки на Иран

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, именуваше две жени за потпретседателки на државата, само еден ден откако се најде на удар на реформистите поради тоа што меѓу министрите во неговиот кабинет нема жени. Масуме Ебтекар, која на меѓународната јавност ѝ е позната по портпаролската улога за време на заложничката криза во американската амбасада во Техеран во 1980 година, е именувана за...

Потребно е економско зајакнување на жените, порача Заев

„Владата ќе работи на подигнување на свеста дека и жените и мажите се еднакво одговорни за домашните активности и за грижата за децата. Поделбата на оваа таканаречена неплатена работа е првиот чекор кон воспоставувањето родова еднаквост“, истакна премиерот Зоран Заев на обраќањето на конференцијата посветена на родовата еднаквост, организирана од Програмата за развој на ОН (УНДП), телото на Обединетите нации...

ОН: Опаѓа бројот на жените во политиката

Бројот на жените на важни политички функции стагнирал минатата година во светот, се наведува во студијата на ОН, во која се изразува загриженост поради нерамноправноста на половите. Само 17 отсто од жените биле шефови на држави или влади во 2016 година, додека во 2015 година тоа било 19 отсто. Кога станува збор за мандати, на разни избори во 2016 година,...

Зголемувањето на моќта на жените треба да биде приоритет, смета Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека зголемувањето на моќта на жените е ефикасен начин за заштита на нивните права. По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, тој истакна дека приоритет треба да се даде на големо присуство на жените во владините институции, политичките системи и во економијата, како и на другите аспекти на општествениот живот. Првиот...

Жените во Македонија дневно поминуваат по два часа во чистење и по два часа во забава

Жените во Македонија сочинуваат 49,9 проценти од населението и во просек живеат 77,4 години, односно 3,9 години подолго од мажите, објави Државниот завод за статистика по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената. Од вкупниот број вработени жени, кој во 2015 година изнесувал 282.078 лица, 76,3 проценти се вработени во деловни субјекти во приватна сопственост. Во 2015 година, бројот на дипломирани...

Македонија ќе биде општество на еднакви граѓани, порача Заев од осмомартовскиот марш

„За рамноправност - за живот“ беше мотото на осмомартовски марш што денеска го организираше форумот на жени на СДСМ во Гевгелија. На маршот, што почна од булеварот Гевгелија сè до улицата 7 Ноември во центарот на градот, се обратија лидерот на партијата, Зоран Заев, генералниот секретар, Оливер Спасовски, и координаторката на форумот, Цветанка Ласкова. - Сите овие години се бориме рамо до...

Четириесет и четири жени од Косово биле на боиштата на Блискиот Исток

Косовскиот центар за безбедносни студии соопшти дека од почетокот на конфликтите во Сирија и во Ирак, од 2012 до 2016 година, 44 косовски жени биле вклучени во тие конфликти, а меѓу нив има и 27 деца. Врз основа на истражувањето на овој центар, „жените кои учествувале во терористичките организации давале нега, промовирале идеологија на ектремно насилство и регрутирале други жени...

ЕБОР и НЛБ ќе ги поддржуваат жените претприемачи со 300.000 евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Нова љубљанска банка (НЛБ), потпишаa договор за поддршка на жените претприемачи во Македонија. ЕБОР ќе обезбеди три милиони евра кредит на НЛБ, за финансирање на мали и средни претпријатија, управувани од жени. Програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и на средните претпријатија (МСП) управувани од жени,...

„Реактор“: СДСМ и ДУИ со поголема вклученост на жените отколку ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и ДУИ во споредба со другите партии во поголема мера го вклучиле родовиот аспект во своите програми, се вели во родовата анализа на „Реактор истражување во акција“ на изборните програми на политичките партии. - Програмите на овие две партии предлагаат мерки за економско зајакнување на жените, справување со насилството врз жените и за поголема вклученост на жените во носење на...

Време е жените во Саудиска Арабија да возат, порача саудискиот принц Алвалид бин Талал

Саудискиот принц Алвалид бин Талал повика на укинување на забраната жени да возат автомобили. Принцот преку „Твитер“ порача дека дека е крајно време саудиските власти да им дозволат на жените да управуваат автомобили. „Сопрете ги дебатите: време е жените да возат“, напиша принцот Алвалид бин Талал. https://twitter.com/Alwaleed_Talal/status/803672332485017600 По краткиот твит, канцеларијата на принцот објави некарактеристично долго соопштение на англиски и на арапски во...

Партиите предложија жени на листите, но им дадоа мали шанси да влезат во Собранието

Политичките партии кои сами или здружени во коалиции ќе настапат на претстојните парламентарни избори на 11 декември, се чини дека заборавија на жените пратенички, па така само четири дами се најдоа како носители на листи во изборните единици на политичките партии. Радмила Шекеринска од СДСМ во изборна единица 5, Весна Стоименова од Коалицијата за промени и правда во третата изборна единица,...

Полска ја намали старосната граница за пензионирање

Полските пратеници гласаа за намалување на старосната граница за пензионирање и покрај прашањето како ќе се финансира новиот пензиски систем. Долниот дом денеска гласаше за тоа од октомври следната година, жените да можат да се пензионираат на 60 години, а мажите кога ќе наполнат 65 години. Според актуелниот систем, старосната граница за пензионирање требаше постепено да се зголемува и пензионирањето за...

Две жени го обвинија Трамп за сексуално малтретирање

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, се соочува со нови обвиненија, овојпат за недолично однесување кон жени, за што за весникот „Њујорк тајмс“ сведочеа две жени. Скандалот доаѓа една недела откако во јавноста се појави снимка на која Трамп на вулгарен начин зборува за жените. Наводите на двете жени, кои го обвинија Трамп за непримерно допирање, неговиот портпарол ги...

За Белата куќа изјавата на Трамп за жените е одвратна

Белата куќа ја нарече „одвратна“ вулгарната изјава на Доналд Трамп за жените, оценувајќи дека неговото недолично однесување може да се смета за сексуален напад. - Како и другите Американци, претседателот ги смета за одвратни видеоснимката и тие изјави  – рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест. Тој додаде дека однесувањето на Трамп заслужува најостра осуда и може да се смета за сексуален...

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...