fbpx
Таг: затвор

таг: затвор

Затвореници во Штип и во Идризово штрајкуваат со глад

Повеќе од половината затвореници од затворот во Штип одбиле да јадат. Заедно со затворениците од затворот во Идризово, во Скопје, од синоќа најавија штрјак со глад, како револт, како што велат, од „лошите затворски услови и немањето место за спиење“. Информацијата ја потврдија од Управата за извршување санкции, но, според нив, не се работи за штрајк, туку за одбивање храна....

Талибанците ослободиле 350 лица од затвор во Авганистан

Талибанските милитанти убиле најмалку четири полицајци и ослободиле повеќе од 350 затвореници во напад на затвор во близина на авганистанскиот град Газни. Заменик-гувернерот на провинцијата Газни, Мохамед Али Ахмади, рече дека еден од милитантите кренал во воздух затвор, по што други провалиле и ги отвориле затворските ќелии. Тој додаде дека напаѓачите биле добро организирани и носеле униформи. Според податоците на Ахмади, во...

Пет години затвор за возачот што ја прегази новинарката кај „Зебра“

Затворска казна од пет години му одреди судот на возачот кој на 7 јули ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, во непосредна близина на трговскиот центар „Зебра“, во населбата Капиштец, пренесуваат медиумите. Според обвинението, осудениот Бојан Блажевски, го управувал возилото со кое удрил во Тодорвска-Павловска под дејство на алкохол и на наркотици. По несреќата, кај него во крвта беа констатирани 1,52...

Британија: Затворска казна до шест месеци за илегалните работници

Луѓето кои работат илегално во Англија и Велс наскоро ќе се соочат со затворски казни до шест месеци, предвидува новиот нацрт-закон кој треба да биде донесен есенва, јавува „Би-Би-Си“. Новите законски решенија во Велика Британија исто така предвидуваат и мерки против рестораните и фирмите кои вработуваат илегални мигранти, а казните за оние кои ќе бидат откриени дека работат без дозвола...

Писториус ќе излезе од затвор по 10 месеци

Олимпиецот Оскар Писториус на 21 август ќе биде пуштен на слобода, само 10 месеци откако беше осуден за убиството на својата девојка Рива Стинкамп, извршено пред две години на Денот на вљубените. Писториус е осуден на пет години затвор, но ќе биде пуштен многу порано, поради „добро поведение“. Како што јавуваат светските медиуми, иницијативата за намалување на казната и за неговото...

Бразилски бизнисмени осудени на 16 години затвор поради корупциски скандал

Двајца поранешни извршни директори на бразилскиот градежен гигант ОАС се осудени на 16 години затвор секој поради корупција, јавуваат светските медиуми. Според судот во Бразил, поранешниот претседател на ОАС, Хозе Алдемарио Пињеиро, и Агенор Медеирос биле вмешани во големиот корупциски скандал со државната нафтена компанија „Петробрас“. Покрај нив, во случајот, на помали затворски казни се осудени уште тројца, исто така,...

Белата куќа прави план да го затвори затворот Гвантанамо

Белата куќа соопшти дека во средата донеле одлука да го затворат воениот затвор Гвантанамо на Куба. Веќе се работи на планот чија цел е затворот да се затвори на сигурен и одговорен начин. Овој план подоцна треба да се претстави пред членовите на Конгресот. По терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, во Гвантанамо се наоѓаат уште 116 затвореници. „Ова е приоритет...

Верушевски доби три години затвор

Поранешниот дикректор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, доби затворска казна од три години за неодозволено поседување оружје. „Ценејќи ги фактите и доказите приложени од Основното јавно обвинителство и од одбраната во предметот, како и со детална анализа на завршните зборови на странките, судечкиот совет, по советување и по гласање, донесе пресуда со која обвинетиот З.В. го огласи...

Книговодителот од Аушвиц осуден на четиригодишна затворска казна

Германскиот суд денеска го осуди на затворска казна 94-годишниот Оскар Гронинг, поранешен чувар во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, поради сооучесништво во убиството на најмалку 300.000 Евреи, јавува „Би-Би-Си“. Гронинг, кој е познат по прекарот Книговодителот од Аушвиц, е осуден на казна затвор од четири години, но многумина што го следеа случајот, отслужувањето на казната го ставаат под знак прашалник, поради возраста...

Двајца осуденици уапсени на аеродромот „Александар Велики“

Двајца скопјани вчера попладне околу 14 часот биле уапсени на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ бидејќи се барале со судска наредба за издржување затворска казна. Според полицијата, станува збор за Д.Р. (39) и М.Р. (37), осудени на затворска казна од една година за злоупотреба на лични податоци. Двајцата веднаш биле спроведени во казнено-поправна установа.

Екстрадиран e Никола Константидис

Четириесет и тригодишниот Никола Константидис од Ресен, кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Бирото на Интерпол - Скопје, поради бегство од затворот „Идризово“, вчера е екстрадиран во Македонија, соопшти МВР. Константинидис, кој бил уапсен во Албанија, е осуден на повеќегодишна казна затвор поради сторено кривично дело поврзано со педофилија, полов напад на дете. Затвореникот е спроведен во затворот „Идризово“...

Филмско бегство на двајца затвореници од најобезбедуваниот затвор во Индија

Двајца затвореници успеале да побегнат од најголемиот затвор со максимално обезбедување во Индија, „Тихар“, откако ископале тунел под затворските ѕидови, јавуваат локалните медиуми. Затворските власти откриле дека двајцата затвореници, кои чекале судење за провалничка кражба, ги нема, откако тие не се појавиле на прозивката во неделата овој викенд. Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на изјави од службени лица, еден од...

Нападнат полицаец додека се обидувал да уапси побегнат затвореник

Припадник на штипската сообраќајна полиција бил физички нападнат додека со колеги се обидувал да уапси 23-годишно момче од градот, кое се барало поради бегство од затвор, информираат од полцијата. Според информациите, екипа на штипската сообраќајна полиција вчера, околу 13.30 часот, при контрола на возило, марка „лада“, со охридски регистарски таблички, констатирале дека возачот С.Д. (23) се бара поради бегство од...

Мохамед Морси осуден на 25 години затвор

Египетскиот суд го осуди поранешниот претседател Мохамед Морси на 25 години затвор, во случајот во кој е обвинет за шпионажа во корист на палестинскиот Хамас во Иран. Врховниот лидер на египтеската организација Муслиманско братство, Мохамед Бади, исто така, е осуден на 25 години затвор за истиот случај. Вкупно 17 лица се осудени на доживотна затворска казна. Во оваа постапка, судот на еден...

Сашо Огненовски, ексдиректор на битолскиот театар, е невин што ги „закрпил“ со пари колегите

Поранешниот директор на битолскиот театар, Сашо Огненовски, е невин што со илјадници евра ги „закрпил“ колегите актери, кои не само што му позајмувале пари, туку за него подигнувале и кредити. Вака досудил Апелацискиот суд во Битола по процесот покренат од јавниот обвинител, во кој Огненовски се товарел за злоупотреба на службената должност и за измама. Ова денеска на прес-конфенреција во...

Двајца уапсени заради издржување затворска казна

Тетовската полиција вчера привела две лица кои со судски наредби се барале за издржување затворска казна. Како што информираат оттаму, во едниот случај, станува збор за К.М. (32) од Тетово, кој се барал за издржување казна затвор до 6 и пол години за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Полициските екипи, вчера...

Убиени двајца затвореници во атинскиот затвор Коридалос

Крвав инцидент со трагичен крај изби ноќеска во атинскиот затвор Коридалос. Двајца затвореници починаа, двајца се сериозно повредени и 16 се полесно повредени во тепачката што се создала меѓу голема група затвореници во затворот. Жртвите се двајца затвореници од Пакистан, на возраст од 35 и од 30 години. Инцидентот се случил кога група арапски и албански затвореници нападнале група затвореници од Пакистан...

Египет: Доживотен затвор за 69 исламисти

Египетскиот суд денеска им одреди доживотна казна затвор на 69 исламисти поради палење на една црква во близина на Каиро, во август 2013 година. Во насилствата, кои на 14 август 2013 година избија во градот Кердеса, запалени беа црква и полициска станица. Претходно истиот ден, владините сили извршиле напад на два демонстрантски кампа во кои се наоѓаа приврзаниците на Морси, при пто се...

Пет години затвор поради одгледување марихуана

По пет години затвор добија штипјаните Кирил Спасов и Методка Богатинов, кои одгледувале 57 засадени стебла марихуана и семки од растението. За Дине Челев, сопственик на викендичката, која била претворена во расадник за марихуана, Основниот суд попладнево изрече условна казна затвор во траење од три години. Судот бил поблаг кон Челев бидејќи го пријавил случајот, а и подоцна соработувал со...

На „Александар Велики“ уапсено лице кое треба да отслужи затворска казна

На граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, вчера попладне, околу 15 часот, лишено е од слобода лицето К.А. (47) од Липково, Кумановско, кое допатувало во Македонија како депортирано. При проверка е утврдено дека за лицето, во полициската евиденција, забележана е мерка да се уапси за издржување затворска казна во траење од три години, поради сторена измама. К.А. е спроведен во КПУ „Идризово“.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...