fbpx

Верушевски доби три години затвор

-

Поранешниот дикректор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, доби затворска казна од три години за неодозволено поседување оружје.

„Ценејќи ги фактите и доказите приложени од Основното јавно обвинителство и од одбраната во предметот, како и со детална анализа на завршните зборови на странките, судечкиот совет, по советување и по гласање, донесе пресуда со која обвинетиот З.В. го огласи за виновен за кривичното дело што му се става на товар и во согласност со олеснителните и отежителните околности, како и со правилникот за одмерување казни кој е на сила, му одреди казна затвор во траење од три години“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Верушевски, кој беше уапсен на 23 јануари, во притвор помина повеќе од шест месеци и ќе остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Тој, како првообвинет во случајот „Пуч“, се товари за неовластено прислушување, шпионажа и за државен удар, а на 5 август ќе го има првото судско рочиште во овој случај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Русија можела да се вооружува и да ја напаѓа Украина, а таа не смее да добива оружје за да се брани

Објавата ги извртува тезите, прави тенденциозни конструкции поврзувајќи го и атентатот на словачкиот премиер Фицо со војната во Украина, па манипулативно тврди дека Америка и Западот сакаат војна и трупаат...